Легендарниот Обафеми Мартинс кој своевремно важеше за еден од најдобрите во светот после 13 години би можел да се врати во Италија.
Последен клуб за кој Мартинс настапуваше беше Шангај Шенуоха во Кина. Без клуб е повеќе од една година, а сега изгледа неговото чекање ќе заврши.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот напаѓач на Интер би можел да се врати во Италија каде што го носеше дресот на Интер. Мартинс може да потпише договор со екипата на Силвио Берлускони, Монца. Во Монца заедно со Берлускони е и Галијани.
Мартинс дресот на Интер го носеше од 2002 до 2006 година, потоа направи трансфер во Њукасл.
Монца во овој момент е лидер во својата група во Серија Ц и е блиску до промоција во Серија Б. Берлускони при превземањето на Монца најави дека сака клубот во блиска иднина да биде дел од Серија А.