Во терминот од 18:55 одиграни се неколку реванш натпревари од 1/16 финалето во ЛЕ каде беа видени неколку изненадувања.
Арсенал во првиот натпревар одигран во Рим како гостин ремизираше со Бенфика, но малку недостасуваше на крајот да испадне.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Топџиите одиграа нерешено (2:2) во натпреварот одигран во Атина, а вечерва со гол во последните моменти ги спаси одличниот Обамејанг.
Почетокот беше како од соништата за тимот на Артета. Обамејанг донесе водство во 21. минута, а во финишот на првиот дел израмни Гонсалвес.
ЦЕлосен пресвт за Бенфика донесува Рафа Силва, но брзо работите на почеток ги враќа Тирни.
И кога сите мислеа дека Топџиите ќе испаднат поради гол помалку во гости, на сцена стапи Обамејанг кој одлично се снајде пред голот и со глава погоди за 3:2.
Тимот на нашиот репрезентативец Елиф Еламс е елиминиран од Гранада.
Иако вечерва Наполи победи со 2:1, тимот на Гранада оди понатаму поради победата на домашен терен од 2:0.
Нашиот репрезентативец Елиф Еламс беше во почетниот состав и одигра 60 минути.