Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шоу ќе биде надвор од терените околу еден месец, потврдија медиумите на Островот.
Лук Шоу се здоби со повреда за време на првото полувреме на мечот со Кристал Палас, а прегледите покажале дека има сериозен проблем и ќе ги пропушти следните шест меча на „црвените ѓаволи“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Солскјер нема да може да смета на дефанзивецот на мечевите против Саутемптон, Лестер, Вест Хем, Арсенал, Ливерпул и Норвич.
Инаку минатата сезона беше прва за Шоу по доаѓањето од Саутемптон во која запиша повеќе од 20 настапи во Премиер лигата. Тој од страна на навивачите беше прогласен за најдобар играч на клубот во минатата сезона.