Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Нов проблем во Египет: Салах незадоволен од условите – ја напушта репрезентацијата!

Нов проблем во Египет: Салах незадоволен од условите – ја напушта репрезентацијата!

Мохамед Салах предвреме ќе го напушти Мундијалот во Русија.

Египет после вчерашниот пораз од Русија остана без шанси за пласман во следната фаза, а денес пристигнуваат нови лоши вести за оваа селекцијата.

Како што пренесуваат медиумите Салах веќе ја донел оваа одлука и нема да настапи во последниот натпревар. Наводно причина се условите и атмосферата од кои фудбалерот не е задоволен.

Поточно, Салах е незадоволен од тоа што кампот на Египет за време на припремите бил отворен и во него се појавувале бизнисмни, роднини и познати ликови од Египет.

Хани Абуред, претседателот на ФС на Египет се обидел да го убеди најдобриот фудбалер на оваа селекција да ја промени одлуката, но немал премногу успех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Бомба“: Конте може да заврши во Истанбул!

Фенербахче активно бара нов тренер, а еден од водечките кандидати за улогата на главен стр…