Шпанските медиуми не ги штедеа критиките на сметка на Реал Мадрид после дебаклот во „Ел Класико“.
Во Мадрид еден ден после катастрофата против Барселона, пристигна нов удар. Херојот на навивачите на Реал Мадрид во ексклузивно интервју за „Франс Фудбал“ откри дека од Мадрид заминал поради Флорентино Перез.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Почуствував во клубот, а посебно од претседателот дека повеќе не ме гледаат со исти очи. Во првите пет сезони јас бев „Кристиано Роналдо“. Потоа се помалку бев тоа, Перез во мене започна да гледа само бизнис, а не одличен фудбалер. Тоа ме натера да заминам“, откри Роналдо и за прв пат директно го обвини првиот човек на Реал откако пристигна во Торино.
Тогаш Јувентус спреми 100 милиони евра и го доведе Роналдо, а веќе на стартот на оваа се покажува колкаво влијание имал Роналдо на тимот – Реал со Лопетеги и без Роналдо го има најлошиот старт во клупската историја.
„Често пати во медиумите читав дека јас сум барал да заминам. Тоа делумно е точно, но вистина е и дека чуствував дека претседателот повеќе не ме поддржува. Доколку во прашање беа парите ќе заминев во Кина, таму ќе добивав пет пати повеќе отколку во Јувентус. Разликата е во тоа што Јувентус ми претстави фантастичен проект и покажа дека навистина сака да ме има“, зборуваше Роналдо.
Заминувањето на Зидан?
„Не заминав поради Зидан, но тоа беше една од оние ситници кои ми ја олеснија одлуката да сфатам што мислам за актуелната ситуација во клубот“, потенцираше Роналдо.
Сега после ова интервју на Роналдо прашање е како ќе реагираат навивачите кои многу лесно би можеле да се свртат против Флорентино Перез.