Додека Палмеирас и Есте го завршуваа загревањето на 19. Јануари, скаутите на Барселона, Арсенал, Ливерпул, Манчестер Сити, Саутемптон, Ајакс и Бенфика се сместуваа во столчињата за го гледаат четвртфиналето во Копа Сао Паоло, елитното бразилски натпреварување за млади категории.
Скаутите на европски гиганти на овој натпревар присустувваа најмногу за да го гледаат Ендрик. 15 годишниот напаѓач кој до тој момент постигна четири гола на турнирот за играчи под 21 година. Медиумите пишуваат дека привлекува и повеќе внимание од Нејмар во овие години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во 13. минута Ендрик постигна гол со ножички надвор од шеснаесетникот и ги воодушеви сите на трибините.
„Мислам дека пред нашите очи се пробива еден страшен и посебен талент“, констатираше славниот Гери Линекер.
Одеднаш започнаа да го споредуваат со бразилските славни имиња од минатото како што е Роналдо. Тинејџерот не застана тука, постигна гол и во победата против Сантос во финалето (4:0).
„Не можам да се сетам дека некој играч во блиско минато го правел тоа што тој го прави во овие години“, изјави за „Би-Би-Си“ Фредерико Пени, извршниот директор на ТФМ спортска агенција која работи со Винисиус Жуниор од Реал Мадрид и Габриел Мартинели од Арсенал.