Доминик Собослаи и Ерлинг Халанд поминаа една година во Салзбург, а во тој период станале и добри пријатели.
Собослаи како што е познато од пред неколку дена стана играч на Ливерпул, па во наредната сезона ќе има дуели со Норвежанецот. Сега, Унгарецот откри дека по трансферот во Ливерпул, Халанд му се јавил да му предложи место каде да живее.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Со Халанд разговарав и ми предложи каде да барам куќа, лесно може да станеме соиграчи. Ми објасни дека неколку фудбалери живеат во област која е на половина пат од Манчестер кон Ливерпул. Станувало збор за мирно и приватно место, во наредните денови ќе видам за што ми сзборуваше“, откри Собослаи.
Сепак, пријателство нема да има кога ќе играат еден против друг.
„Кога ќе излеземе на теренот еден против друг, пријателството ќе го тргнеме на страна, сигурно ќе биде убаво искуство да бидеме противници“, изјави Собослаи.