Дома Фудбал Лига на шампиони Новиот формат во ЛШ носи и повеќе пари: УЕФА го зголеми наградниот фонд за пола милијарда

Новиот формат во ЛШ носи и повеќе пари: УЕФА го зголеми наградниот фонд за пола милијарда

Најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите од следната сезона ќе го промени форматот, но со тоа ќе се зголеми и наградниот фонд од две милијарди евра на 2.5.

Повеќе пари ќе се добиваат уште на самиот старт за самиот пласман. Досега клубовите добиваа по 15.64, а од новата сезона 18.62. Секоја победа ќе носи 2.1 милиони евра на сметка на учесник, ремито ќе носи 0.7 милиони.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во Лигата на шампионите како што е веќе познато ќе играат 36 клубови место 32 како доега. Повеќе нема да има групна фаза и ќе се игра во лигашки систем и секоја екипа ќе одигра осум место шест натпревари.

Првите осум на табелата ќе обезбедуваат место во осминафиналето, додека екипите од 9-то до 24-то место ќе играат плеј-оф за место помеѓу најдобрите 16.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…