Дома Фудбал Англија Нова сезона стари проблеми: Јунајтед трет натпревар без победа во ПЛ (ВИДЕО)

Нова сезона стари проблеми: Јунајтед трет натпревар без победа во ПЛ (ВИДЕО)

Четвртото коло во Премиер лигата беше отворено со натпреварот помеѓу Саутемптон и Манчестер Јунајтед. На крајот овој натпревар заврши со резултат 1:1.

Натпреварот одлично започна за Јунајтед бидејќи во 10-тата минута Даниел Џејмс со одличен удар од казнетиот простор погоди за 0:1.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имаше потоа Ван Бисака солидна шанса, но остана 0:1.

Добро изгледаше Јунајтед во првиот дел. Се закануваа гостите уште неколку пати преку Џејмс, но на полувреме се замина со резултат 0:1.

На отварањето на второто полувреме Рашфорд имаше одлична прилика да ја зголеми предноста, меѓутоа голманот Гун го одбрани неговиот удар.

Саутемптон изедначи во 58-та минута. Де Геа одбрани еден обид на домаќините после корнер, но во продолжение од акцијата Дансо уфрли, а Вестергард беше повисок од Линделоф и погоди за конечни 1:1.

Јунајтед не успеа адекватно да одговори и покрај тоа што Саутемптон во 73-та минута остана без Дансо кој заработи црвен картон.

Ова е веќе трет натпревар во низа на Јунајтед без победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Едноокиот фудбалер ја осветли сцената на Африканскиот куп на нации

Буркина Фасо ја победи Гвинеја со 2:1 во првиот натпревар од групата Е на Африканскиот куп…