Белгиецот Еден Азар повторно е повреден и ќе биде надвор од терените помеѓу три и четири недели.
Азар го пропушти тренингот во вторник поради воспаление на мускулите, а денес беше присутен на тренингот, но си замина порано. Денес на Белгиецот му беа направени дополнителни прегледи кои покажаа дека во прашање е потешка повреда.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Реал на 24. февруари го чека натпревар од осминафиналето против Аталанта, а судејќи според се Азар нема да биде спремен за тој натпревар. Тој ќе ги пропушти и лигашките натпревари против Хуеска, Гетафе, Валенсија и Рајо Ваљекано. На терените би требало да се врати во последниот ден од февруари кога „кралевите“ ќе играат против Реал Сосиедад.
Од кога е во Реал Азар од можни 79 натпревари за Реал пропуштил 43. За споредба во осумгодишниот период во Челзи пропушти само 20 натпревари.