Maкедонскиот најдобар тенисер, Калин Ивановски продолжи со добрата форма и на турнирот во Поатје, Франција обезбеди место во полуфиналето откако со 2:0 во сетови го победи, Тристан Ламасин (7:5, 6:1).
Противникот на Ивановски имаше проблеми со својот сервис и направи дури пет двојни грешки, а тоа македонскиот тенисер знаеше како да го искористи и првиот сет го доби со 7:5.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во вториот сет Ивановски беше уште подобар и не му даде никакви шанси на противникот добивајќи го со 6:1. За место во финалето Калин ќе игра против Саша Гејмар од Вајенбург.