Дома Останати Тенис Нова победа: Калин сигурно до полуфинале во Грција!

Нова победа: Калин сигурно до полуфинале во Грција!

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски продолжува со одличните настапи на турнирот во Ираклион во Грција. Денес беше подобар од Јакуб Никод со што си обезбеди место во полуфиналето.

Калин до победата дојде лесно со 2:0 во сетови (6:4, 6:4). Може да се каже и дека ја оправада фаворитската улога затоа што неговиот противник беше надвор од топ 1000 тенисери во светот.

На турнирот кој има награден фонд од 15.000 долари Калин е трет носител и има големи шанси и да се најде во финалето. Во полуфиналето повторно против себе ќе има противник кој не е носител и тоа ќе биде подобриот од дуелот на Италијанецот Герери и Гркот Сакеларидис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…