Дома Фудбал Англија Нова грижа се појавува во Манчестер – Давид Де Геа!

Нова грижа се појавува во Манчестер – Давид Де Геа!

de gea

Шпанецот не е сигурен дали сака да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед овие денови има навистина многу грижи, а последната е – Давид Де Геа! Како што пренесува британски „Телеграф“, Де Геа повеќе не е сигурен дека сака да го продолжи договорот со „ѓаволите“ и да остане на „Олд Трафорд“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Договорот на Де Геа истекува на крајот од сезоната, но Манчестер Јунајтед има опција да ја продолжи соработката на уште 12 месеци. Меѓутоа, ако Де Геа одбие да го продолжи договорот, Манчестер може да остане без Шпанецот и тоа без оштета.

Преговорите помеѓу двете страни наводно во овој момент се во застона, па помеѓу навивачите постои одреден страв дека може да останат без еден од нивните најважни играчи.

Секако Јунајтед има уште време да го убеди Де Геа да стави потпис на нов договор, но проблем е што голманот сака да се бори за титула на сите фронтови, а овој Манчестер реално во овој момент не е во состојба да му понуди такво нешто.

„Телеграф“ пишува и дека многу зависи од дали Жозе Мурињо ќе остане на клупата на Јунајтед, Шпанецот сигурно не сака да ги помине најдобрите денови од кариерата во клуб кој има проблеми и стравува дали наредната година ќе игра во Лигата на шампионите.

Кога во прашање се потенцијалните дестинации засега нема најави, Де Геа во минатото неколку пати се поврзуваше со Реал Мадрид едно лето беше и многу блиску до трансфер во Мадрид, но сега таа опција не е во игра бидејќи „кралевите“ го купија Тибо Куртоа.

https://www.youtube.com/watch?v=_zZ_35k3gjA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Капело избра четири фудбалски генијалци: „Кристијано не е тоа“

ФАБИО КАПЕЛО, легендарниот италијански тренер, на доделувањето на наградата Лауреус зборув…