Дома Топ вести Новата ѕвезда на Реал: Моите родители повеќе нема да бидат гладни!

Новата ѕвезда на Реал: Моите родители повеќе нема да бидат гладни!

Младиот Бразилец Ендрик (17) неодамна го прослави освојувањето на првиот трофеј во сениорската кариера во кој му се предвидуваат уште многу успеси.

Неговиот Палмеирас стана шампион на Бразил, а тинејџерот постигна 11 гола во шампионската кампања на клубот од Сао Паоло.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потписот на Ендрик веќе го обезбеди Реал Мадрид. Кралскиот клуб реагираше веднаш штом Палмеирас стана подготвен да преговара и плати 60 милиони евра плус бонуси.

Ендрик го комплетираше трансферот во Реал, а на „кралскиот“ клуб ќе му се приклучи во јуни, кога ќе наполни 18 години.

„Изодевме нависитна долг пат со моите родители, на моменти истиот беше навистина тежок и се состоеше од многу препреки. Тие секогаш беа блиску до мене и ми помагаа. Во одреден дел, моите родители навистина страдаа, имаше моменти кога гладувавме и мојата цел беше јасна: Моите родители веќе никогаш да не бидат гладни! Сигурен сум дека го остварив тоа со трансферот во Реал“, изјави Ендрик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …