Емре Чан готово сигурно на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул и тоа како слободен играч, откако во неколку наврати одби да го продолжи договорот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Германскиот репрезентативец во текот на летото беше блиску до трансфер во Јувентус, но тогаш „црвените“ ги одбија сите понуди и го задржаа Чан на „Енфилд“.
Договорот на Емре Чан со „црвените“ завршува на крајот на сезоната, па играчот уште во јануари ќе биде слободен да преговара со заинтересираните клубови и да потпише преддоговор.
Иако се очекуваше дека следното лето ќе пристигне во Јувентус како слободен агент, сепак англиските медиуми тврдат дека Германецот веќе ја одбрал следната дестинација и ќе остане во Премиер лигата.
„Дејли Стар“ тврди дека веќе се е договорено и Емре Чан на крајот на сезоната ќе му се приклучи на тимот на Пеп Гвардиола.
Она што е уште поголем удар за Ливерпул е што Германецот како слободен агент, без обештетување ќе се пресели во големиот ривал.