Дома Фудбал Италија Ништо ново во Торино: Погба откако беше казнет сега се повреди

Ништо ново во Торино: Погба откако беше казнет сега се повреди

Навивачите на Јувентус полека веројатно и престануваат да се надеваат дека Пол Погба ќе биде сериозно засилување.

Погба во Јувентус пристигна во летниот преоден рок од Манчестер Јунајтед, но се повреди уште пред почетокот на сезоната. На второто деби во црно-белиот дрес чекаше до пред три кола кога настапи во градското дерби против Торино, а потоа и против Рома.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Но, потоа на денот на натпреварот со Фрајбург во Лигата на Европа минатиот четврток стигна вест дека Алегри го изоставил од тимот затоа што задоцнил на последниот собир пред натпреварот.

Алегри најави дека Погба ќе биде во комбинација за следниот натпревар и требаше да добие нови минути вчера против Сампдорија. Сепак, сега повторно се повреди.

Денешните информации од Италија зборуваат дека Погба ќе биде надвор од терените уште еден месец, а многумина веруваат дека можеби и нема да заигра повторно за клубот од Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Дали ПСЖ го кажал последниот збор?

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а дербито се игра помеѓу Барселона …