Дома Останати Тенис Ништо и од бронза: Ѓоковиќ и денес поразен!

Ништо и од бронза: Ѓоковиќ и денес поразен!

Новак Ѓоковиќ остана и без бронза на Олимписките игри во Токио.

Најдобриот тенисер во светот денес беше поразен во натпреварот за бронза од Шпанецот Пабло Карено-Буста со 2:1 во сетови (6:4, 6:7 и 6:3). Можеше да се забележи во мечот дека Ѓоковиќ се уште е под шокот од вчераниот пораз од Александар Зверев во полуфиналето. Освен тоа изгуби и во полуфиналето на мешани двојки.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот сет го обележи многу мал процент на успешност на првиот сет кај Ѓоковиќ (47%), а Новак пропушти дури пет брејк топки во тој дел од мечот. Затоа шпанскиот тенисер направи еден, но вреден да стигне до добивање на сервисот.

Вториот сет донесе сигурна игра и од двата тенисери. Цврсто ги држеа своите сервиси и немаше шанса за брејк. Победникот беше решен во тај-брејк. Таму Карено Буста лопо почна. Имаше Ѓоковиќ предност од 4:1 и изгледаше дека лесно ќе дојде до освојување на тај-брејот. Меѓутоа Карено-Буста одигра фантастична заврѓница и го сврти тај-брејкот на своја страна, дојде и до меч топка. Сепак, не ја искористи, Ѓоковиќ успеа да дојде до освојување на сетот и изедначување на 1:1.

Уште на стартот на третиот сет Ѓоковиќ пропушти шанса за брејк, па во нервоза го фрли рекетот на трибините, а потоа и вториот го скрши. Карено Буста му го одзема сервисот и дојде до предност која не испушти до крајот, го доби сетот со 6:3 и ја освои бронзата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…