Дома Фудбал Останато Ниту Барса, ниту ПСЖ, ниту Реал – Ова е најефикасниот тим на стартот од сезоната!

Ниту Барса, ниту ПСЖ, ниту Реал – Ова е најефикасниот тим на стартот од сезоната!

Играат навистина неверојатен фудбал, а ако продолжат со ова темпо ќе ги срушат сите рекорди.

Помина нешто повеќе од еден месец од кога сезоната започна во најдобрите пет лиги. Се собираат првите впечатоци, па така е и направен список на 10 најефикасни клубови во овој момент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако се очекуваше на врвот на листата да се најде Барселона, Реал Мадрид или пак ПСЖ, најефикасната екипа на „Стариот континент“ доаѓа од Италија. Во прашање е Наполи, тимот кој до овој момент игра неверојатен фудбал.

Ако се одземе изненадувачкиот пораз од Шахтјор во Лигата на шампионите, слободно можеме да кажеме дека Наполи го игра веројатно најдобриот фудбал во Европа во овој момент.

Значи, тие се најефикасниот тим на континентот и во просек постигнуваат неверојатни 3.75 погодоци по натпревар.

Ги следи, ПСЖ со 3.5 погодоци по натпрева, па Јувентус со 3:25.

Интересно екипата на Барселона се наоѓа дури на седмото место на листата со 2.75, голови по натпревар, додека актуелниот шампион Реал Мадрид го нема ниту во најдобрите 10.

Наполи во првата сезона на Сари постигна 80 погодоци, во втората постигнаа 14 повеќе, а доколку продолжат со вакво темпо до крајот според математичките пресметки би можеле да постигнат и 142 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…