Дома Фудбал Никој не го сакал Роналдо дури и ако Јунајтед му ја плаќа платата

Никој не го сакал Роналдо дури и ако Јунајтед му ја плаќа платата

Манчестер Jунајтед неодамна го раскина договорот со Кристиано Роналдо, откако Португалецот имаше контроверзно интервју во кое го нападна тренерот Ерик Тен Хаг.

Тен Хаг се обидел уште во летото да се ослободи од Роналдо кој не му се вклопува во системот, но сите обиди за трансфер биле неуспешни.

„Црвените ѓаволите“ го нуделе Роналдо на позајмица, при што побарале од тимовите да платат само 17% од неговата плата која изнесуваше 450.000 евра неделно.

Интересно е тоа што никој не го сакал Роналдо, па на „ѓаволите“ не им остана друг избор освен да го раскинат договорот, а засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне не ѝ ја препушта титулата на Барса: Атлетико има што да каже!

Барселона има девет победи од девет меча, но Симеоне верува дека Атлетико може да ја оспор…