Дома Фудбал Англија Никако да тргне: Вилшер повторно се повреди

Никако да тргне: Вилшер повторно се повреди

Фудбалерот на Вест Хем, Џек Вилшер низ кариерата се мачи со повредите, а тој негативен тренд продолжи и оваа сезона.

Вилшер уште на почетокот на сезоната доживеа повреда на скочниот зглоб после која мораже на долга пауза, а сега му предстои уште една.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини после победата над Кардиф со 3:1 потврди дека Вилшер не настапи поради повреда, а повремениот англиски репрезентативец повторно има проблеми со зглобот.

Вилшер летоска премина во Вест Хем од Арсенал, но за овој клуб одигра само три натпревари во оваа сезона. Само што се врати на теренот против Њукасл, Вилшер повторно се повреди и за сега не е познато кога ќе се врати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) Шпанците тврдат: Судииите го спасија Реал од шокантен пораз

Реал Мадрид одигра 2:2 против Елче во 13. коло на Ла Лига. Гостите од Мадрид во текот на ц…