Фудбалерите на Нигерија го освоија третото место на Африканскиот куп на Нации со победата над Тунис од 1:0.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Единствениот гол на натпреварот го постигна Игало уште во третата минута од натпреварот.
Тунис до изендачување можеше да дојде само пет минути подоцна, но шутот на Кенсиев беше блокиран во последен момент. Нова шанса следуваше во 15-тата минута кога Санси шутираше, а топката помина покрај стативата.
На полувреме се замина со резултат 1:0 за Нигерија. Во второто полувреме Тунис во 48-та минута имаше уште една голема прилика, меѓутоа Чаоут беше непрецизен.
Доминираше Тунис во второто полувреме, но Нигерија успеа до крај да се одбрани и на крајот стигна до третото место.