Од поодамна шпанскиот репрезентативец Саул Нигез е мета на најголемите клубови во Европа, а ако судиме според она што го најави и неговите потези на социјалните мрежи наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Манчестер Јунајтед.
Нигез вчера на Твитер објави дека за три дена ќе го соопшти името на новиот клуб. Медиумите сега забележаа негов потег со кој можеби најави дека тој нов клуб ќе биде Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На Инстаграм Нигез ги заследул сонародниците Хуан Мата и Давид Де Геа, француската ѕвезда Пол Погба, зимското засилување на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш, напаѓачот Маркус Рашфорд , како и Манчестер Јунајтед.
За Атлетико Нигез одигра 286 натпревари и постигна 38 гола, црвено-белиот дрес го носи шест години.