Дома Фудбал Англија Не се сите играчи среќни со Солскјер, една ѕвезда е на излезна врата!

Не се сите играчи среќни со Солскјер, една ѕвезда е на излезна врата!

Оле Гунер Солскјер го препороди Манчестер Јунајтед и имаше феноменален старт на клупата на „црвените ѓаволи“.

Меѓутоа, англиските медиуми тврдат дека Солскјер не смета на Маруан Фелаини, кој не влегува во неговите планови, па готово сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Имено, Солскјер бил незадоволен од целокупното однесување на Фелаини и надвор од теренот.

„Учинокот на Оле се гледа не само врз играта на теренот, туку и од тоа што се случува надвор од теренот. Ако не сте забележале фудбалерите на Јунајтед носат одела и вратоврски. Меѓутоа, Солскјер не е задоволен од Маруан и веројатно ќе се раздели веднаш од него. Веројатно Фелаини ги минува последните денови во клубот“, тврдат англиските новинари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шеф на Баерн потврди дека се воделе преговори за Антони

Спортскиот директор на Баерн (Минхен) Кристоф Фројнд одговори на изјавата на напаѓачот на …