Дома Останати Кошарка НБА Не помогна и супер настапот на Јокиќ, Денвер елиминиран од Голден Стејт 🎥

Не помогна и супер настапот на Јокиќ, Денвер елиминиран од Голден Стејт 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата добивме уште два учесници во конференциските полуфиналиња.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На западот Голден Стејт го елиминираше Денвер со 4:1. Вориорсите во петтиот натпревар славеа со резултат 102:98 во еден навистина интересен натпревар. Предводник на Вориорси беше Кари со 30 поени, пет скока и пет асистенции.

Блескавиот настап во кој Јокиќ постигна 30 поени, подели осум асистенции и додаде 19 скока не беше доволен за Денвер да избегне елиминација.

На истокот понатаму продолжува Милвоки кој исто така со 4:1 го доби Чикаго во серијата. Во вчерашниот петти дуел Бакси славеа со 116:110. Јанис Антетокумпо беше најдобар во победничкиот тим со 33 поени, девет скокови и три асистенции. Одличен настап со дабл-дабл учинок имаше Портис кој остигна 14 поени и додаде 17 скокови.

Вучевиќ со 19 поени, 16 скокови и шест асистенции беше најдобар кај Булси, но тоа им беше слаба утеха.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…