Сите оние кои кон крајот на минатиот и почетокот на овој милениум интензивно следеле фудбал добро се сеќаваат на Рој Кин.
Младите генерации веројатно не го познаваат најдобро легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, кој беше неприкосновен на теренот и воопшто не покажуваше почит спрема своите противници.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сцената од почетокот на натпреварот помеѓу Интер и Манчестер Јунајтед во ЛШ 1999. година можеби и најдобро покажува каков фудбалер беше контроверзниот Ирец.
Кин како капитен ги предводеше играчите на Јунајтед на поздравувањето, а во тој момент Симеоне и Роналдо ги местеа чорапите.
Ирецот во тој момемт ги помина без поглед, додека Роналдо залудно се обиде да му подаде рака.
Because it’s his birthday (and because it’s brilliant) here’s that time Roy Keane ignored Diego Simeone and Ronaldo pic.twitter.com/xvPGa82rYH
— Si Lloyd (@SmnLlyd5) August 10, 2020