Поранешниот напаѓач на Јувентус и Удинезе би можел да се соочи со голем проблем и казна затвор од шест години!
Освојувачот на Мундијалот со Италија во 2016 година, Винчецо Јакинта е еден од 140 обвинети за соработка со Калабриската мафија. Јакинта се обвинува дека на оваа организација незаконски и помогнал да стигне до приход на пари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Членовите на мафијата нелегално добивале работи за реконструкција на изрушените објекти во региониот Емилио-Ромања кој во 2012 година беше уништен во земјторес, а Јакинта и останатите наводно учествувале во нелегални работи.
Поради ова напаѓачот би можел да се соочи со шест години затвор. Во полоша позиција е неговиот татко за кого обвинителите бараат 19 години бидејќи истакнуваат дека тој бил еден од главните фактори.
Јакинта во дресот на Јувентус во 2013 година ја освои титулата шампион после што се прости од фудбалот, а секако дека најголемо признание му е Мундијалот со „Аѕурите“ во 2006 година.