Дома Трансфер зона Не е само Меси мета, ПСЖ сака и уште еден играч на Барселона?

Не е само Меси мета, ПСЖ сака и уште еден играч на Барселона?

Во последно време многу се зборува за тоа дали Лионел Меси ќе остане во Барселона или пак на крајот од сезоната ќе го напушти клубот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси минатото лето бараше раскинување на договорот, но клубот тоа не му го дозволи. Неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона и Аргентинецот својата одлука ќе ја соопшти тогаш.

Она што ги нервира луѓето во Барселона и навивачите е што во ПСЖ констатно го повикуваат Меси во Париз, посебно што во осминафиналето Барселона ќе игра против „светците“.

Утрово „Мундо Депортиво“ пишува дека Меси не е единствениот играч на Барселона кој е мета на ПСЖ. Според информациите на овој медиум, Леонардо се обидел да стапи во контакт и со претставници на Жорди Алба кој одлично соработува со Меси на теренот.

Меѓутоа не се исклучува можноста ова да е само уште еден обид од ПСЖ со вакви игри да ја нарушат атмосферата во Барселона пред нивниот дуел во осминафиналето од ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…