Дома Трансфер зона Не е само Мбапе опција, „кралевите“ ја „крадат“ метата на Барса?

Не е само Мбапе опција, „кралевите“ ја „крадат“ метата на Барса?

Доколку Португалецот го напушти Мадрид, јасно е дека Реал Мадрид експресно ќе мора да пронајде адекватна замена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од ден во ден пристигнуваат нови информации за иднината на Кристиано Роналдо.

За сега многумина веруваат дека и покрај проблемите со законот во Шпанија, Реал ќе успее да го задржи Роналдо. Сепак, мораат да бидат подготвени и доколку се случи спротивното.

Како главен „наследник“ на Роналдо во Реал се споменуваше Килијан Мбапе од Монако, но сега во игра се вклучи уште едно име.

Имено, замената за Роналдо би можела да пристигне и од Борусија Дортмунд и тоа Осман Дембеле.

Овој француски репрезентативец демонстрираше фантастичен квалитет во изминатата сезона, а познато е дека каталонскиот гигант, Барселона има огромна желба да го доведе.

Дембеле и минатата сезона беше на чекор на од „Камп Ноу“, но на крајот заврши во Дортмунд за само 15 милиони евра, а наводно сега „милионерите“ за неговите услуги бараат 90 милиони евра.

Јасно е дека Реал во случај да го продаде Роналдо би заработил огромна сума на пари, па цената на Дембеле нема да биде проблем. Но, прашање е колку Французинот е адекватна замена за Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…