Кога многумина се понадеваа дека Oсман Дембеле ќе се опорави овој период и ќе ја пополни празнината која настана со повредата на Луис Суарез се случи нов пех за францускиот фудбалер.
Дембеле доживеа нова повреда која ќе го оддалечи од терените повторно подолг период, па на Барселона ќе и биде одобрено да донесе нов фудбалер иако преодниот рок заврши.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За да се случи тоа клубот мора да исполни некои услови, а една од нив е играчот кој ќе пристигне да биде од шпанските првенства.
Се појави информација дека Барселона може да го донесе напаѓачот на Гетафе, Анхел, кој оваа сезона има 13 погодоци.
Сепак, дел од медиумите јавуваат дека Барселона е заинтересирана и за 33 годишниот Кристијан Стуани, уругвајски напаѓач кој од 2017 година игра во Жирона. Сезонава во втората шпанска лига, Стуани постигна 20 погодоци на вкупно 22 натпревари.
Освен овие двајца на „Камп Ноу“ би можел да пирстигне и Вилијан Хозе од Реал