Селекцијата на Швајцарија приреди изненадување во нивниот прв натпревар против Бразил одигрувајќи 1:1.
После прекрасниот погодок на Кутињо во 20 минута, Зубер во второто полувреме на Швајцарија и донесе реми. Бразилците после натпреварот ги критикуваа противниците поради грубата игра, но и судиите за кои сметаат дека прикажале преголема толеранција.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аналитичарите објавија дека Нејмар поставил рекорд како најфаулиран играч во последните 20 години на светските првенства.
10 – The last player to be fouled more in a #WorldCup game than Neymar v Switzerland (10) was Alan Shearer in 1998 (11 v Tunesia). Down. pic.twitter.com/5uE51q1Irx
— OptaJohan (@OptaJohan) June 17, 2018
Спорен беше и погодокот на Швајцарија бидејќи момент претходно Зубер го турна Мирада пред тој да ја испрати топката во мрежата. Нејмар после натпреварот испрати критики до судиите.
„Ми изгледаше како да беше фаул. Не треба јас да зборувам за тоа. Таа работа ја работеа четири професионалци, тие нека си ја работат својата работа. Не заслуживме таков конечен резултат“, изјави Нејмар.