Дома Фудбал Нејмар: Ова Светско првенство мора да биде мое!

Нејмар: Ова Светско првенство мора да биде мое!

Првата ѕвезда на Пари Сен Жермен и селекцијата на Бразил се надева дека претстојното Светско првенство во Русија ќе помине во негов знак.

Напаѓачот на ПСЖ е убеден дека може да го одведе Бразил до титулата шампион на светот.

„Мундијалот е најголемо натпреварување во светот, сакам да играм и да го освојам. Ова Светско првенство мора да биде мое. Најголемо уживање ми е кога сум на теренот“, изјави Нејмар во интервјуто за „Desimpedidos“.

Неодамна селекторот на Бразил, Тите го објави и списокот на играчи на кои ќе смета за овој Мундијал, а истиот можете да го погледнете ТУКА.

Да потсетиме, „Кариоките“ ќе играат во групата „Е“ заедно со Србија, Швајцарија и Костарика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го растури Вилјареал со 0-6: Четири гола уште до 17. минута!

Пари Сен Жермен го задржа максималниот ефект во Лигата на шампионите со убедливи 0-6 на го…