Иако Нејмар во неколку наврати го негираше тоа, европските медиуми продолжуваат да тврдат дека најскапиот фудбалер во светот не е среќен во ПСЖ и сака да се врати во Шпанија.
Бразилецот во 2017 година пристигна во Пари Сент Жермен од Барселона за рекордни 222 милиони евра и се очекуваше дека ќе биде еден од носителите на играта на „светците“ долги години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, набрзо Нејмар почна да го искажува своето незадоволство со ситуацијата во францускиот клуб, па веќе подолго време се шпекулира дека сака да се врати во Шпанија. Барселона и официјално ја затвори вратата за негово враќање на „Камп Ноу“, па сега Бразилецот се поврзува со Реал Мадрид.
Од друга страна со заминувањето на Кристиано Роналдо, претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез не може да најде голема ѕвезда, а не е тајна дека Нејмар е негова голема желба.
Шпански „Дон Балон“ пишува дека Нејмар му поставил услов на Перез доколку сака да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.
Финансиските услови не се важни бидејќи Перез нема да жали пари за да го донесе Нејмар во Мадрид, но еден од условите кои го поставил Бразилецот е Реал да го продаде Лука Модриќ.
Нејмар смета дека времето на Модриќ е веќе поминато и дека треба да го замени со некој помлад, притоа на Бразилецот воопшто не му се допаѓа тоа што Хрватот оваа сезона ја доби „Златната топка“.
Дали Перез ќе го послуша Нејмар, останува да видиме…