Ѕвездата на Пари Сент Жермен наводно имал средба со сопственикот на клубот и му порачал да го доведе неговиот сонародник од Ливерпул, Филипе Кутињо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кутињо ова лето долго кокетираше со Барселона, но на крајот трасферот не се реализираше и Бразилецот остана на „Енфилд“.
Француските медиуми тврдат дека ПСЖ се вклучил во траката за Бразилецот и тоа откако Нејмар му наредил на сопстевеникот Насер Ал-Келаифи да го доведи што е можно побрзо во Париз.
Ливерпул и понатаму е на својот став дека 25-годишниот играч за врска не е на продажба, но Барса и ПСЖ ќе се обидат да го донесат уште во јануари.
Кутињо блеска и оваа сезона за „црвените“ и постигна два гола во три лигашки натпревари, а се најде и меѓу 30-те кандидати за „Златна топка“.