Тензиите помеѓу Нејмар и Пари Сент Жермен се сепоголеми, а еминентниот „Екип“ со својата наслона страна наговестува дека крај на соработката помеѓу „светците“ и Бразилецот.
„Екип“ на денешната насловна страна напиша „Збогум Париз“ со голема слика од Нејмар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Секако дека ваквата насловна е двосмислена, бидејќи Нејмар замина на операција во Бразил и нема да се врати на терените до крајот на сезоната, но можно е на лето најскапиот фудбалер да каже и збогум засекогаш.
Најпрво се пишуваше дека Нејмар не е задоволен во Париз, а последните тензии настанаа со неговата повреда. Имено, Бразилецот сака по секоја цена сака да игра на Мундијалот и интересите на клубот ги стави во втор план.
Весникот пишува дека и повеќето играчи се свртени против Бразилецот и дека атмосферата во соблекувалната е нарушена. Постои расцеп во тимот бидејќи многу фудбалери не се задоволни со привилегиите кои ги има Нејмар.
Клубот не се согласуваше со неговата одлука за операција на стапалото, а одредни извори тврдат дека претседателот Ал Келаифи имал жестока расправа со таткото на Нејмар.
Сето ова придонесе да се засилат шпекулациите за негово заминување од ПСЖ, што повеќе и не изледа како „невозможна мисија“.