Дома Фудбал Франција Нејмар изненади фаворитот во изборот за „Златната топка“: Ниту Мбапе, ниту Бензема…

Нејмар изненади фаворитот во изборот за „Златната топка“: Ниту Мбапе, ниту Бензема…

Нејмар за зборуваше за „ТНТ Спортс“ по завршувањето на сезоната во Лига 1. Во разговорот Бразилецот беше прашан за неговиот фаворит за освојување на Златната топка.

Изборот на Нејмар можеби е и изненадување за многумина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Килијан Мбапе имаше одлична сезона, Карим Бензема исто така. Сепак, гледав многу малку натпревари оваа година. Ако треба да се потпрам на она што го видов, би го избрал Винисиус Жуниор“, изјави Нејмар.

Винисиус ја имаше најдобрата сезона во својата кариера, постигнувајќи 22 гола и додавајќи 20 асистенции на 52 натпревари во сите натпреварувања, а круната на сето тоа беше саботното финале во Лигата на шампионите, кое заврши со победа на Реал и одлучувачкиот гол го постигна токму тој.

Според најавите, главен фаворит за освојување на Златната топка е Карим Бензема, кој оваа сезона постигна 44 гола и додаде 15 асистенции на 46 натпревари. Французите не кријат дека оваа награда е негова главна цел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…