Авионот на Нејмар во кој бил заедно со негова сестра морал принудно да слета во Бразил.
Имено, утврден бил дефект за време на летот по што пилотот одлучил дека е најдобро што побрзо да слета и да не продолжи до крајната дестинација. По слетувањето и отстранувањето на дефектот проблемот бил отстранет и Нејмар продолжил да лета.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Фудбалерот на ПСЖ и сите кои биле со него во моментите кога се открил дефектот биле сериозно исплашени за својата безбедност.
„Поради проблеми со бришачот на авионот моравме принудно да слетаме. Во кабината беа Нејмар, неговата сестра Рафаел и девојката на Нејмар Бруна Бјнакарди“, соопштија од ПР-тимот на Нејмар.
По ова се огласи и Нејмар.
„Благодарни сме на пораките за поддршка. Тргнавме дома, малку се исплашивме, но за среќа сме добро“, изјави Нејмар.