Дома Фудбал Франција Нејмар го спореди Верати со Чави и Иниеста

Нејмар го спореди Верати со Чави и Иниеста

Maрко Верати беше еден од најдобрите на теренот во вчерашната победа на ПСЖ против Реал во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ победи благодарение на голот Мбапе во самиот финиш од натпреварот.

Бразилецот Нејмар испрати големи пофалби до италијанскиот играч за врска кој на натпреварот имаше дури 92% успешни пасови.

„Знаев дека тој е фантастичен играч, но очигледно не бев свесен колку е спектакларен. Тој е гениј, еден од најдобрите играчи за врска со кои сум играл заедно со Чави и Иниеста“, изјави Нејмар.

Верати во ПСЖ е од 2012 година кога пристигна од Пескара. Со францускиот клуб освои 27 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

ВАР не „спиеше“ на натпреварот, ФИФА објави фотографии и ја реши најголемата контроверзна (Фото)

Една од најконтроверзните ситуации на тековниот дел од Светското првенство продолжува да п…