Дома Фудбал Нејмар го пронајде виновникот за расправијата со Кавани

Нејмар го пронајде виновникот за расправијата со Кавани

Расправијата помеѓу Нејмар и Кавани се уште е главна тема во фудбалскиот свет. Како што веќе е добро познато, Уругваецот не му дозволи на Бразилецот да изведе пенал, па настапа хаос.

После синоќешната победа над Баерн новинарите ги прашаа Кавани и Нејмар да ги прокоментираат своите односи и додека Уругваецот беше политички коректен, Бразилецот ги обвини медиумите.

„Медиумите измислуваат приказни. Тие пишуваат работи за кои ништо не знаат. Се обидуваат да влезат во нашата соблекувална и да најдат приказни кои не постојат. Но, тоа се случува често“, изјави Нејмар.

Нејмар и Кавани селуваа прилично расположено синоќа и одлично функционираа на теренот, па не изгледаше дека имаат меѓусебен проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета без попуштање за 16-годишниот Дауман: „Ова не е Дизниленд!“

Макс Дауман ќе го пропушти Ливерпул по исклучувањето против Флитвуд, а Артета порача дека …