Голема е веројатноста Нејмар да не игра повеќе во групната фаза од Мундијалот, соопштува „Спорт“.
Нејмар синоќа против Србија беше грубо фаулиран неколу пати и го напушти теренот со болки во глуждот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Солзите во очите на Бразилецот покажаа дека не станува збор за наивна повреда. Медиумите тврдат дека Бразилците нема да рзикуваат и ќе ја чуваат својата ѕвезда за нокаут фазата.
Тоа значи дека Нејмар ќе ги пропушти дуелите со Камерун и Швајцарија, иако можно е да биде на клупата за резерви.
Доколку се биде според планот Нејмар ќе се појави на терените на 5 декември во осминафиналето.