Дома Фудбал Репрезентации Нестор: Најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал, гордо ќе играме за Македонија!

Нестор: Најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал, гордо ќе играме за Македонија!

Maкедонската репрезентација денес се собра пред историскиот натпревар во четврток против Грузија на гостински терен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На 12. ноември Македонија ќе игра историски натпревар во кој ќе се бори за пласман на Европско првенство. Максимално мотивиран пред овој дуел е и Илија Несторовски.

„Конечно дојде до историски собир за натпреварот кој го чекаме 4-5 години. На овие тренинзи ќе ја спремаме тактиката за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал. Ветувам и јас и останатите дека ќе го дадеме максимумот“.

„Претходните два натпревари беа поинакви, сега ова е финале за пласман на Европско првенство. Нема многу тактики, тука одлучуваат срцето и желбата за победа. Знаеме кои се нивни добри и лоши страни, овие денови секако со селекторот дополнително ќе ги анализираме и максимално ќе се спремиме“.

„Ние поискусните не чувствуваме толку голем притисок затоа што имаме играно големи натпревари, па така гордо ќе ја претставуваме Македонија и се надеваме дека ќе се пласираме на тоа Европско првенство“, ијзави Нестор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Хујсен не молчу, му одговори на Де Ла Фуенте откако не доби повик за Мундијалот! (Фото)

Луис де ла Фуенте, селекторот на Шпанија, предизвика вистинска бура со објавувањето на кон…