Дома Фудбал Италија Несторовски и Трајковски повторно останаа без тренер!

Несторовски и Трајковски повторно останаа без тренер!

Превирањата во Палермо не престануваат, а конфузијата денес ја зголеми тренерот Еугенио Корини кој по неполни два месеци поднесе оставка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Корини беше третиот тренер од почетокот на сезоната кој седна на клупата на прволигашот од Сицилија. Сезоната ја започна Давиде Балардини, на чије место потоа дојде Роберто де Зерби.

Палермо е претпоследен на табелата во Серија А со само 10 освоени бодови и речиси е во невозможна мисија да избори опстанок бидејќи најблискиот тим кој се наоѓа во безбедната зона е оддалечен 11 бодови.

Тимот на Несторовски и Трајковски се наоѓа во серија од три порази, а сезонава има забележано само две победи, и тоа двете на гостински терен против Аталанта и Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Сити го враќа Мареска, Челси ќе добие 20 милиони евра

Манчестер Сити постигнал договор со Челси за предвремен раскин на договорот на Енцо Мареск…