Денес заврши добрата серија на македонскиот репрезентативец Калин Ивановски со поразот на турнирот во Израел, а овој пораз на Ивановски посебно изнервирал еден навивач.
Очигледно некој се обложил на победа на Ивановски, па поразот на нашиот ас тешко му падна, па со грди зборови го нападна Калин.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Имаше сет поен и изгуби, ко*иле едно. Ако не знаеш да играш откажи се од тенисот. Не сум видел полош играч во историјата од тебе“, стои во пораката која Ивановски ја објави на социјалните мрежи.
Ваквите навреди Ивановски ги прими со насмевка како што може да се види од реакцијата.