Репрезентацијата на Шпанија вчера во Мадрид ја декласираше Романија со 5:0 во посленото коло од квалификациите за Европското првенство.
Шпанците уште претходно го обезбедија пласманот на Европското првенство, а во квалификациите се без пораз со осум победи и два нерешени натпревари. Но после вчерашниот натпревар Фудбалскиот сојуз на оваа земја ја шокираше јавноста.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, досегашниот селектор Роберто Морено влегол во соблекувалната и со солзи и им соопштил на играчите дека е отпуштен. Фудбалскиот сојуз на Шпанија одлучил на селекторското мсто да го врати Луис Енрике кој ќе ја води „Фуријата“ на ЕП.
Енрике се повлече на почетокот на годината поради болеста на неговата ќерка која за жал пред неколку месеци го напушти овој свет. Откако го напушти селекторското место неговата позиција му припадна не човекот кој му беше помошник, Морено.
Иако Морено имаше одлични резултати и ја одведе Шпанија на ЕП направена му е голема неправда и тој нема да му биде ниту помошник на Енрике, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Одлучено е помошник на Енрике да му биде Хуан Карлос Унзеу кој соработуваше со Енрике во Селта и Барселона.
Денес Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе одржи прес-конференција на која ќе ја објасни ваквата одлука.