Пред само неколку дена англиските медиуми преносуваа дека Челзи и Манчестер Јунајтед преговарале за размена Хари Мегваер – Кристијан Пулишиќ. Сега пристигнува демант на веста која привлече големо внимание.
Можноста за заминување на Мегваер израдува голем број навивачи на Јунајтед ширум светот кои веднаш на друштвените мрежи порачуваа дека се за ваква зделка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа сега новинарот на „Скај Спорт“ и експерт за трансфери, Фабрицио Романо пренесува дека нема ништо од преселбата на Мегваер на „Олд Трафорд“.
„Не постојат преговори помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи за Хари Мегваер. Тој очекува да остане во Јунајтед и да се бори за своето место во стартниот тим, ниту клубот, ниту играчот немаат поинакви планови“, порача Романо.
No negotiations ongoing between Manchester United and Chelsea for Harry Maguire. He's expected to stay at Man United and fight for his place, no different plans on clubs side too. 🔴 #MUFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 24, 2022
Chelsea position, always the same: they want Wesley Fofana. #CFC pic.twitter.com/9B8Rj7rx0V