Челниците на најголемиот тениски турнир Вимблдон, одлучија од 2019 година да воведат тај-брејк во петтиот сет, од резултат 12:12.
Оваа одлука е донесена после неколкуте повеќечасовни маратони во претходните години, а пред се после историското полуфинале помеѓу Иснер и Андерсон оваа година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Американецот и Јужноамериканецот во петтиот сет играа до 26:24 и само последниот сет траеше три часа!
Најдолгиот меч во историјата на Вимблдон го одигра исто така Иснер против Никола Мау во 2010 година кога играа дури 11 часа, а во петтиот сет се играше до 70-68.