Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде го соопшти списокот на играчи за денешното „Ел Класико“ и со тоа веројатно уште еднаш потврди кој се ќе го напушти клубот до крајот на преодниот рок.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Валверде на списокот ги изостави, Томас Вермален, Марлон Сантос, Даглас, Самер, Мунир Ел Хадади, но и Арда Туран.
Место пред него зазеде Денис Суарез, како и Серџи Роберто, а интересно е што за Арда немаше место помеѓу првите 18 иако надвор од ростерот поради повреда се Рафиња и Андре Гомеш.
Се очекува место во стартната постава крај левата аут линија да има за Џерар Делофеу, додека Видал најверојатно ќе зеде место пред Нелсон Семед.