Корнавирусот го „однесе“ првиот клуб жртва во Англија. Клубот кој некогаш беше стандарден премиерлигаш, а во 2013 година сензационално го освои ФА Купот отиде во стечај.
Имено, денес пристигна потврда дека во стечај оди Виган Атлетик кој во овој момент е член на Чемпионшип. Здружението на англиски клубови соопшти дека на Виган ќе му бидат одземени 12 поени. Казната ќе се применува различно, односно во зависност од тоа како клубот ќе ја заврши сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако клубот биде во сигурната зона по крајот на првенството тогаш ќе му бидат веднаш одземени бодови, а ако на теренот испаднат во Лига 1 тогаш казната од -12 бодови ќе им се пренесе во наредната натпреварувачка година.
Виган победи на сите три натпревари по продолжувањето на Чемпионшип. На шест натпревари пред крајот на сезоната избраниците на Пол Кок се на осум бода над зоната за испаѓање.