Дома Фудбал Англија Невил: Со вакви дефанзивци Јунајтед нема шанси за титулата

Невил: Со вакви дефанзивци Јунајтед нема шанси за титулата

Манчестер Јунајтед лошо ја отвори сезоната во Премиер лигата и вчера доживеа шокантен пораз од Кристал Палас на домашен терен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фановите се разочарани и бараат нови засилувања, особено Џејдон Санчо, за кого подолго време се шпекулира во медиумите.

Сепак, Гери Невил смета дека на Јунајтед очајно му е потребен врвен дефанзивец за да ја засили одбраната.

 Може да зборуваме за Санчо колку сакаме, но се додека не се купи централен бек кој е брз и кој може да игра еден на еден, Јунајтед никогаш нема да ја освои лигата, особено не со ваков двоец“, истакна Невил алудирајќи на Линделоф и Мегваер.

„Мислам дека Заха ги доби сите дуели со стоперите денеска. Линделоф едноставно не е доволно силен, што убаво се виде при вториот гол на гостите“, додаде Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалски скандал во Бразил: Циркус со Нејмар и Мендеш и сцени кои го обиколуваат светот! (Видео)

Сантос како гостин го победи Васко во 23-то коло на бразилската Серија А, но натпреварот г…