Мадридскиот весник „Марка“ открива дека Един Џеко во јануари имал понуда од Реал Мадрид, но напаѓачот одлучил да остане во Рома.
Џеко во зимскиот преоден рок беше во центарот на вниманието поради неговиот евентуален трансфер во Челзи, но лондонскиот клуб не бил единстен кој бил заинтересиран за неговиот потпис.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Марка“ открива дека Флорентино Перез бил спремен да го донесе Босанецот како алтернатива за Карим Бензема, иако нема право да натапува во Лигата на шампиони.
Меѓутоа, Џеко го одбил повикот кој не се обива и му кажал НЕ на Реал Мадрид, бидејќи сакал да игра во тим каде што ќе биде прв избор во нападот.
Босанецот беше поблиску до трансфер на „Стенфорд Бриџ“ бидејќи Конте му ветуваше голема минутажа, но на крајот остана во Рома.