Герет Бејл е најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид, но според статистиката која ја објавија шпанските медиуми се чини дека Велшанецот никогаш не ги оправда вложените пари.
По заминувањето на Кристиано Роналдо од Бејл се очекуваше да биде новиот лидер на „кралевите“, но тој уште еднаш ги разочара фановите кои параат да биде да си замине од „Сантиаго Бернабеу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Весникот „АС“ реши да направи анализа за исплатливоста на трансферот на Велшанецот. Тој пристигна во Реал во 2013 за 101 милион евра, а на оваа сума треба да се придодаде и платата. Бејл во првите три години заработуваше годишна бруто плата од 18 милиони евра, а откако му беше обновен договорот, се зголеми на 27 милиони евра.
Па кога ќе се собере трансфер сумата (101 милион) и сумата за плати (135 милиони), се стигнува до бројката од 236 милиони евра.
Кога се ќе се собере и одземе, Бејл нема лоша статистика во Реал Мадрид. Одигра 225 меча, даде 102 гола, беше херој од последното финале во ЛШ во Киев, но пресметките на весникот „АС“ велат дека секој негов гол ги чинел „кралевите“ 2,3 милиони евра.
Неговата најдобра сезона беше првата кога на 44 меча даде 22 гола, а најслаба сезоната 2016/17 кога одигра само 27 меча и даде девет гола.